Во насока на почитување на начелата на транспарентно и домаќинско работење и информирање на даночните обврзници на општина Јегуновце за трошење на буџетски средства од општина Јегуновце, сакам да ја известам јавноста за скучени 2 договори за јавни набавки.

Општина Јегуновце спроведе две јавни набавки за Зимско одржување на локална патна мрежа по населени места во општина Јегуновце за период 2021/2022 година и избра економски оператори со најниска понуда во износ на јавните набавки од 223.020 денари и 148.000 денари или вкупно 371.020 денари севкупно за двете јавни набавки кои се однесувааат на целта на набавката и е со најниска вредност во последните три години. За истата намена јавната набавка во 2020/2021 година изнесувала 413.000 денари, додека во 2019/2020 година склучениот договор за Зимско одржување на локална патна мрежа по населени места во општина Јегуновце изнесувал 458.961 денари што е значително повисок износ во споредба со оваа година. И во услови на зголемување на вредноста на услугата, во 2021/2022 година јавната набавка е со најниска вредност. Секој денар од даночните обврзници е важен, а јас како градоначалник имам обврска рационално да раководам со буџетот на општина Јегуновце.

Accessibility