На моја иницијатива и огромно задоволство, денес потпишав Меморандум за соработка и заеднички активности со националната мрежа „Храна за сите – Банка за Храна Македонија“. Особено сум горд како градоначалник на општина Јегуновце, што како локална самоуправа сме една од ретките инситутиции во Македонија што ја препозна работата на „Банка за храна Македонија“ и се приклучи кон мисијата за собирање на вишоците храна од економските оператори, институции, помош и дистрибуција до социјално загрозените граѓани. Заедно со Небојша Захариески – претседател на здружението „Младинска Алијанса“ – Тетово како партнер локална организција на „Банка за храна Македонија“ ги договоривме идните проектни активности и реализација на програмските заложби на двете страни што ќе започнат со реализација по новогодишните празници. Јас како градоначалник на општина Јегуновце секогаш ќе бидам отворен за соработка и акции со кои ќе помогнеме на ранливите категории граѓани на општина Јегуновце. Благодарност до Душко Христов – претседател на „Банка за Храна Македонија“ за максималната поддршка и заложбите што ги реализира и афирмира за намалување на сиромаштијата и помош на социјално загрозените семејства, а секако и за можноста да се приклучиме кон мрежата „Банка за храна Македонија“. Зеднички започнуваме со акции и помош на ранливите категории на граѓани од општина Јегуновце.

Accessibility