Утрово одржав информативен разговор со Лилјана Јоноски – Извршна директорка на „Рурална коалиција“, платформа составена од над 40 граѓански здруженија кои работат на промоција и унапредување на правата и работата на земјоделците од целата држава, како и едукација, организирање и здружување на земјоделците и валоризација на нивниот труд. Особено ме радува фактот што платформата работи на промоција и афирмација на жените земјоделки и унапредување на условите во руралните средини и подобрување на статусот на жените од руралните средини кои се занимаваат со земјоделие.

Во наредниот период ќе ја продлабочиме соработката со „Рурална коалиција“ преку дефинирање на заеднички активности и проекти кои ќе бидат од сферата на земјоделието и поддршка на земјоделците од општина Јегуновце. Како градоначаник на општина Јегуновце секогаш ќе поддржам проекти за развој на земјоделието бидејќи како рурална општина која има долга традиција со земјоделие заслужува поголемо внимание и подобрување на условите на земјоделците.

Accessibility