По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 Декември , претставници од Општина Јегуновце заедно со градоначалникот Димитар Костадиноски денеска ги посети лицата со посебни потреби.
Овие се лица кој се разликуваат од останатите и нивната убавина е токму во таа посебност, во разликување и издвојување од останатите, затоа должност наша е да се грижиме да им биде олеснет животот и исполнет со убави работи.
Овој ден посебен акцент заслужува за лицата кои што им е потребна и неопходна помош за изедначување со останатите во општествениот систем. Но само еден ден не е потребен туку секој ден посебно внимание заслужуваат сите.