Денес 09.03.2020 година со почеток во 10:30 часот се ордржа триесетишеста седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 19  точки. Присутни беа сите 15 советници и градоначалникот Дарко Блажески.

Дневен ред:

    – Усвојување на записник од триесетипетта седница.

  1. Завршна сметка на Буџетот на ЕЛС Јегуновце за 2019 година.
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на ЕЛС Јегуновце за 2019 година.
  3. Извештај од извршениот попис на средствата, ситен инвентар и попис на благајната со состојба 31.12.2019 година во Општина Јегуновце за Заклучок за негово усвојување.
  4. Предлог – Одлука за давање на согласност на Годишната сметка за 2019 година на ООУ „Александар Здравковски“ – Јегуновце.
  5. Предлог – Одлука за давање на согласност на Годишната сметка за 2019 година на ООУ „Шемшово“ – Шемшово.
  6. Предлог – Одлука за давање на согласност на Годишната сметка за 2019 година на ООУ „Симче Настовски“ – Вратница.
  7. Предлог – Одлука за давање на согласнот на Годишната сметка за 2019 година на Јавна општинска установа за деца – Детска градинка ЈАБОЛЧИЊА Општина Јегуновце, Јегуновце.
  8. Предлог – Одлука за давање на согласнот на Годишната сметка за 2019 година на ЈЛУ Библиотека Светлина-Drita с.Прељубиште – Општина Јегуновце.
  9. Предлог – Одлука за давање на согласнот на Годишната сметка за 2019 година на Друштво за услуги ЧИСТОТА ЈЕГУНОВЦЕ ДООЕЛ с.Јегуновце, Јегуновце.
  10. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на општинските патишта и улици во Општина Јегуновце за 2019 година.
  11. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на општинската патна мрежа и улиците во Општина Јегуновце за 2020 година.
  12. Предлог – Одлука за одобрување на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Јегуновце.
  13. Предлог – Одлука за определување на места за истакнување на изборни плакати без надоместок за време на изборната кампања.
  14. Предлог – Заклучок за давање на мислење на Годишната програма за изведување на екскурзии за учениците од ООУ „Александар Здравковски“ с.Јегуновце за учебната 2019/2020 година.
  15. Предлог – Заклучок за давање на мислење на Годишната програма за изведување на екскурзии за учениците од ООУ „Шемшово“ с.Шемшово за учебната 2019/2020 година.
  16. Предлог – Заклучок за давање на мислење на Годишната програма за изведување на екскурзии за учениците од ООУ „Симче Настовски“ с.Вратница за учебната 2019/2020 година.
  17. Предлог – Одлука за давање согласност на измена на Годишниот план за вработување за 2020 година во ООУ „Александар Здравковски“ с.Јегуновце.
  18. Предлог – Одлука за исплата на парична помош за надомест на патни трошоци за лице со ментална и телесна попреченост.
  19. Разгледување на барања.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце