Денес 28.01.2020 година со почеток во 10:00 часот се ордржа триесетитрета седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 9 точки и беше дополнет со плус 4 точки. Присутни беа сите 15 советници.

Дневен ред:

        – Усвојување на записник од триесетивтора седница.

  1. Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Јегуновце за 2020 година.
  2. Разгледување на финансиски извештај за извршување на Буџетот на Општина Јегуновце за IV квартал за 2019 година и Заклучок за усвојување на финансискиот извештај.
  3. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите за државните службеници за 2020 година.
  4. Предлог – Критериуми за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот во Општина Јегуновце за 2020 година.
  5. Предлог – Програмаза изработка на урбанистички планови за населените места на подрачјето во Општина Јегуновце и урбанистички планови вон населените места за 2020 година.
  6. Предлог – Програма за изработка на локална урбанистичка планска документација на Општина Јегуновце за 2020 година.
  7. Предлог – Програма за изработка на Општи Акти за населените места во општина Јегуновце за 2020 година.
  8. Критериуми за распределба на блок дотациите за основно образование по училишта на територија на Општина Јегуновце за 2020 година.
  9. Разгледување на барања.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце