Денес 25.12.2019 година со почеток во 10:00 часот се ордржа триесетипрва седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 11 точки, дополнет беше со плус 2. Присутни беа сите 15 советници како и градоначалникот Дарко Блажески.

Дневен ред:

          -Усвојување на записник од триесетта седница.

  1. Предлог – Буџет на Општина Јегуновце за 2020 год.
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Буџетот на Општина Јегуновце за 2020 год.
  3. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Јегуновце за 2020 год.
  4. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 год.
  5. Предлог – Програма за активностите на Општина Јегуновце во областа на заштита на животната средина во 2020 год.
  6. Предлог – Одлука за усвојување на Планот за архивски знаци за распоредување на актите за 2020 год на Општина Јегуновце.
  7. Предлог – Одлука за давање согласност за Годишниот план за вработување за 2020 год во Јавна локална установа Библиотека СВЕТЛИНА-DRITA с.Прељубиште-Јегуновце.
  8. Предлог – Одлука за трансверирање на средства-субвенции од Буџетот на Општина Јегуновце на Друштвото за услуги ЧИСТОТА ЈЕГУНОВЦЕ ДООЕЛ с.Јегуновце, Јегуновце за 2020 год.
  9. Предлог – Одлука за давање на позитивно мислење на Статутот на ООУ „Симче Настовски“ с.Вратница.
  10. Предлог – Одлука за давање на позитивно мислење на Статутот на ООУ „Александар Здравковски“ с.Јегуновце.
  11. Предлог – Одлука за давање на позитивно мислење на Статутот на ООУ „Шемшово“ с.Шемшово.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце