Денес 29.11.2019 година со почеток во 10:00 часот се ордржа триесетта седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 17 точки а дополнет беше со плус 3 ,  присутни беа сите 15 советници како и градоначалникот Дарко Блажески.

Дневен ред:

          -Усвојување на записник од дваесетидевета седница.

  1. Предлог – Одлука за утврдување на работното време на вработените во ЈОУДГ ЈАБОЛЧИЊА општина Јегуновце, Јегуновце.
  2. Предлог – Одлука за поголем односно помал број на деца опфатени во воспитни групи во ЈОУДГ ЈАБОЛЧИЊА општина Јегуновце, Јегуновце.
  3. Предлог – Одлука за давање на согласност за Годишен извештај на ЈОУДГ ЈАБОЛЧИЊА општина Јегуновце, Јегуновце за учебната 2018/2019 год.
  4. Предлог – Одлука за давање на согласност на Годишна програма за работа на ЈОУДГ ЈАБОЛЧИЊА општина Јегуновце, Јегуновце за учебната 2019/2020 год.
  5. Предлог – Одлука за давање на позитивно мислење на Статутот на ООУ „Шемшово„ с.Шемшово.
  6. Предлог – Правилник за плати на вработените во општина Јегуновце.
  7. Предлог – Одлука за набавка на рекламен материјал.
  8. Заклучок за прифаќање на извештајот за претходната анализа за основните елементи на проектот за воспоставување на ЈПП за модернизација, одржување, управување и развој на јавното осветлување во општина Јегуновце.
  9. Предлог – Одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка за формирање на заедничко меѓуоштинско јавно претпријатие за управување со отпад.
  10. Решение за номинирање на член во Комисијата за формирање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад во полошко плански регион.
  11. Предлог – Одлука за одобрување на Програмата за активностите на општина Јегуновце од областа на културата во 2020 год.
  12. Предлог – Одлука за одобрување на Програмата за активностите на општина Јегуновце од областа на социјална заштита во 2020 год.
  13. Предлог – Одлука за одобрување на Програмата за активностите на општина Јегуновце за поддршката за НВО секторот во 2020 год.
  14. Предлог – Одлука за одобрување на Програмата за спортски активности на подрачјето на општина Јегуновце за 2020 год.
  15. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во с.Јажинце, општина Јегуновце за кој нема урбанистички план.
  16. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење во с.Шемшово, општина Јегуновце за кој нема урбанистички план.
  17. Предлог – Одлука за утврдување на услови за начинот на градење с.Жилче, општина Јегуновце за кој нема урбанистички план.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце