Во просториите на Општина Јегуновце (сала за состаноци) одржана е работилница од страна на “ЖЕНСКИ ФОРУМ на тема родова еднаквост преку имот и наследство.

Како препораки од работлиницата може да се издвојат неколку:

*Да се потикне јавна дебата од страна на цивилното општество, со цел информирање на граѓаните, конкретно жените за нивните права на наследство.

*Граѓанските здруженија во соработка со институционалните механизми за остварување на родова рамноправност да иницираат кампањи за подигање на свеста и за информирање на правата на жените за наследство.

*Централната и локалната власт да спроведуваат воспитни програми во кој посебно ќе бидат вклучени жените од руралните средини за и тие да можат да го остварат нивниот економски потенцијал и во соработка со банките на РМ да им овозможат на жените земање поволни кредити за нивни почетни бизниси.

*Во многу општества жените се зајакнале со помош на финансиските механизми кои го принудуваат патријахалниот систем да се промени. Во овој контекст, со помали даноци, кога е сопственик жената, ќе биде добар пристап за привлекување на семејството да го пренесе имотот кај жените и девојките.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

 

Accessibility