Пред претставници од различни институции во општината Јегуновце се одржа работилница за примена на пристапот базиран на човековите права за лицата со попреченост.

На работилницата беше презентирана и анализата за лицата со попреченост во рурални средини и проектот “From Disability to FoodAbility”. Присутните истакнаа дека проектот ќе овозможи поголема вклученост на лицата со попреченост во руралните средини, размена на информации и дека овој проект дава нови можности за лицата со попреченост од руралните средини.

Активно учество на оваа работилница зеде и градоначалникот Дарко Блажески кој го поздрави овој проект, истакна дека во рамки на неговите можности ќе се залага за овие лица со попреченост да можат норамлно да фунционираат во општеството.

Работилницата е дел од проектот “From Disability to FoodAbility” , кој се имплементира од Националната федерација на фармери со поддршка на Шведската организација за развој We Effect и Radiohjаlpen.

Како надворешна експертиза на полето на лица со попреченост во овој проект е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје.

Проектот има за цел да придонесе кон подобрување на состојбата на лицатa со пореченост-деца и возрасни со интелектуална и физичка попреченост и нивните семејства на територија на Општина Јегуновце.