Денес 10.11.2021 година – советот на општина Јегуновце ја одржа првата конститутивна седница. На истата беа верификувани мандатите на петнаесет нови советници на општината.

За претседател на Советот на Општина Јегуновце, беше избрана Валентина Марчевска од редовите на ВМРО – ДПМНЕ . Заблагодарувајќи се за својот избор Валентина истакна дека очекува успешна соработка со сите членови на советот од сите политички партии, во интерес на сите жители од оваа општина.

Во следните четири години за интересите на жителите на Опшина Јегуновце во соработка со градоначалникот Димитар Костадиноски, одлуки ќе носат вкупно петнаесет советници, од кои, шест има коалцијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ , четири од коалицијата предводена од СДСМ, три се од ДУИ, еден од коалицијата  Алијанса за албанците и Алтернатива  и еден од Левица.

На конститутивната седница свое обраќање имаше и Градоначалникот Костадиноски, кој им посака успешна работа, се надева на добра соработка со членовите на советот, каде  заедно ќе работат во интерес на сите жители на Општина Јегуновце.

Accessibility