Практични совети околу бесплатна правна помош, презентација на одредбите од Законот за работни односи и одговори на прашања во врска со права од облигациски односи и извршување, беа дел од едукативната сесија за правно зајакнување на граѓаните со ниски приходи што се одржа вчера во општина Јегуновце организирана од страна на македонското здружение на млади правници .

Целта на сесијата беше правното зајакнување на населението кое поради својата слаба материјална и финасиска состојба не е во можност да ги оствари своите права загарантирани со закон. Правилно и навремено информирање на граѓаните и споделување практични совети со нив ќе придонесе кон подобрување на нивниот статус и состојба во општеството.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце