Денес 28.06.2019 година со почеток во 10:00 часот се ордржа дваесетитрета седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 7 точки, додека присутни беа сите 15 советници и градоначалникот Дарко Блажески.

Дневен ред:

-Усвојување записник од дваесетвтора седница.

  1. Предлог – Одлука за давање на согласност на Правилникот за внатрешна организација на работни места во ЈОУДГ ЈАБОЛЧИЊА во с.Јегуновце.
  2. Предлог – Одлука за давање на согласност на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ ЈАБОЛЧИЊА Општина ЈЕГУНОВЦЕ, с.Јегуновце.
  3. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на членови во Управниот одбор на Јавна општинска установа за деца – Детска градинка ЈАБОЛЧИЊА во с.Јегуновце, општина Јегуновце.
  4. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за распределба на средства од Програмата за изградба реконструкција и одржување на општинската патна мрежа и улиците во 2019 год, по населени места во Општина Јегуновце.
  5. Предлог – Програма за решавање на проблемот на бездомните животни на продрачјето на општина Јегуновце.
  6. Разгледување на барања
  7. Советнички прашања.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце