Денес 05.07.2019 година со почеток во 09:00 часот се ордржа дваесетипета седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 3 точки,  присутни беа сите 15 советници.

Дневен ред:

  1. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот во ЈОУДГ ЈАБОЛЧИЊА Општина Јегуновце, с.Јегуновце за 2019 год.
  2. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Друштво за услуги ЧИСТОТА ЈЕГУНОВЦЕ ДООЕЛ с.Јегуновце, Јегуновце.
  3. Предлог – Одлука за давање на согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на Друштвото за услуги ЧИСТОТА ЈЕГУНОВЦЕ ДООЕЛ Јегуновце, с.Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце