Денес 08.11.2019 година со почеток во 10:00 часот се ордржа дваесетидевета седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневениот ред содржеше 8 точки а дополнет беше со плус една,  присутни беа сите 15 советници како и градоначалникот Дарко Блажески.

Дневен ред:

             -Усвојување на записник од дваесетиосмата седница.

  1. Разгледување на квартален извештај за извршување на буџетот на општина Јегуновце за III квартал за 2019 година и заклучок за усвојување на финансискиот извештај.
  2. Предлог – Одлука за одобрување на измена и дополнување на планот и програми за развој на буџетот на општина Јегуновце за 2019 година.
  3. Измени и дополнување на буџетот на општина Јегуновце за 2019 година.
  4. Предлог – Одлука за усвојување на измените и дополнувањата на буџетот на општина Јегуновце за 2019 година.
  5. Предлог – Одлука за одобрување на планот и програми за развој на буџетот на општина Јегуновце за 2020 година.
  6. Предлог – Одлука за давање на позитивно мислење на статутот на ООУ „Симче Настовски„ с.Вратница.
  7. Предлог – Одлука за давање на позитивно мислење на статутот на ООУ „Александар Здравковски„ с.Јегуновце.
  8. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на одлуката за разрешување и именување на членови на училишните одбори во основните училишта на територија на општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце