Денес 15.01.2020 година во присуство на градоначалникот Дарко Блажески, заменик министерот за труд и социјална политика Санела Шкриељ и директорот на центарот за социјални работи од Тетово Дарко Обадиќ во населено место Јегуновце официјално ја пуштија во употреба новата канцеларија, подрачно оделение од центарот за социјални работи Тетово.

Придобивките од отворањето на ова  одделение во Јегуновце се од големо значење за жителите кои живеат на територијата на Општина Јегуновце, бидејќи услугите кои што  ќе може да ги добијат  во канцеларијата се однесуваат на сите права и услуги од областа на социјалната заштита.

Министерството за труд и социјална политика презеде конкретни мерки за овозможување на поголема достапност на социјалната работа и социјалната заштита до сите граѓани, особено до оние кои живеат во руралните средини и во населени места кои се надвор од седиштето на Центарот за социјална работа.

Градоначалникот  Дарко Блажески во дадената изјава ја поздрави оваа активност, потенцира дека  со отворање на оваа канцеларија жителите на општина Јегуовце ќе можат непречено да ги остварат сите права и услуги од областа на социјалната заштита, полесно и подостапно од досега.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце