Општина Јегуновце од денес и официјално се приклучува кон националната мрежа „Банка за храна – Македонија“. Заедно со Душко Христов – претседател на „Банка за Храна – Македонија“ и партнер локална организација „Младинска Алијанса“ реализиравме прва акција за поддршка на социјално ранливи категории на граѓани од општина Јегуновце. Поделивме пакети со храна на семејства од Јегуновце кои се под социјален ризик. Помошта што денес ја поделивме првенствено е симболична и претставува поттик за бизнис секторот од општина Јегуновце за приклучување кон акцијата што ќе се спроведува континуирано. Преку вакви хумани и општествено одговорни акции заедно со „Храна за сите – Банка за храна Македонија“ континуирано ќе помагаме на наши сограѓани на кои им е потребна помош. Во овие тешки времиња наша цел како локална самоуправа е да помогнеме на поголем број на граѓани од општина Јегуновце и да дадеме придонес кон намалување на сиромаштијата, како и да упатиме порака кон општествено одговорните компании од општина Јегуновце да донираат храна и да се приклучат кон глобалната акција на „Банка за Храна“.

Accessibility