Почитувани граѓани на општина Јегуновце!
На крајот сме на 2021 година, на истекот на оваа година како градоначалник на општина Јегуновце сакам да упатам порака во Вас граѓаните на општина Јегуновце. 2021 година беше година исполнета со предизвици и препреки кои не засегаа сите нас граѓаните во цела држава и во нашата општина Јегуновце. Во оваа турбулентна година имавме можност да бираме за тоа кој ќе ги раководи општините, кој ќе креира политики на локално ниво, кој ќе предвидува и реализира инвестиции во локалните заедници. Поддршката од Вас граѓаните на општина Јегуновце, македонци, албанци, роми, турци, срби и други што ми ја дадовте на локалните избори и ме избравте да ја раководам општина Јегуновце во наредните 4 години е пред се голема обврска за мене, но истовремено и одговорност да ја реализирам предизборната програма и да го одржам зборот пред Вас граѓаните на општина Јегуновце. За дво месечниот период како градоначалник на општина Јегуновце, започнав со реализрација на проекти од повеќето сфери на надлежност на локалната смаоуправа, а во фаза на подготовка се повеќе проекти наменети за инфраструктура, образование, комунални дејности, канализациони мрежи кои ќе се реализираат во 2022 година. Секојдневно сум на терен и во комуникација со Вас, граѓаните на општина Јегуновце, ги слушам проблемите и изнаоѓам решение на проблемите. Во изминатиов период реализирав средби со граѓани од сите населени места, а идеите и препораките кои ги добив од средбите се имплеметирани во буџетот на општина Јегуновце за 2022 година преточени во проекти, програми, активности што ќе се реализираат наредната година. Ни претстои година со големи предизвици, но и огромна работа и максимална посветеност за решавање на проблемите на граѓаните и реализирање на проекти од надлежност на општина Јегуновце. Јас како градоначалник на општина Јегуновце како и до сега, ќе бидам секогаш достапен за сите жители на општината, за изнаоѓање на решение на проблемите, мојата канцеларија ќе биде секогаш отворена за Вас граѓаните. На крајот на оваа година на сите жители на општина Јегуновце сакам да упатам честитка за наредната 2022 година, да биде година исполнета со позитивни вести, напредок во секое семејство. Во 2022 година Ви посакувам добро здравје, благосостојба, професионален успех на секој од Вас. Наредната година Вие и јас како градоначалник да го продлабочиме партнерството, соработката бидејќи само така општина Јегуновце ќе биде успешна општина и ќе биде подобро место за живеење за сите нас. Ви ги честитам Новогодишните и Божиќните празници, да ги прославите во мир и спокој со најблиските. Среќна и бериќетна 2022 година.
Accessibility