Начин на работа на советот на општината

1. Советот е претставнички орган на граѓаните кој одлучува во рамките на граѓаните кој одлучува во рамките на надлежностите на општината.
2. За разгледување на прашања и утврдување предлози од одредена област, советот од својот состав може да формира постојани и повремени комисии.
3. Советот и начинот на изборот на членовите на комисиите од ставот (2) на овој член се уредуваат со статутот.
4. Составот на комисиите од ставот (2) на овој плен соодветствува на оропорционалната застапеност на политичките партии во советот.

Избор на членови на советот

1. Советот го сочинуваат претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.
2. Изборот на членовите на советот се уредува со закон.
Број на членови на советот
1. Бројот на членовите на советот се утврдува во зависност од бројот на жителите во општината и не може да биде помал од 9 ниту поголем од 33 члена. Советот на Општина Јегуновце брои 15 члена.

Статус на членовите на советот

1. Членовите на советот се избираат за време од четири години.
2. Членовите на советот ги претставуваат граѓаните и во советот одлучуваат по свое уверување.
3. Членот на советот не може да биде отповикан.

Надлежност на советот

Советот;
1. Го донесува статутот на општината и други прописи;
2. Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
3. Ја утврдува висината на сопствените избори на приходи за финансирање на Општината, во рамките утврдени со закон;
4. Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
5. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
7. Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
8. Одлучува за давање дозвола за вршење дејност од јавен интерес од локално значење, во согласност со законот;
9. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
Одлучува за начинот на вршење на финансиска контрола на буџетот на општината, во согласност со закон;
11. Го избира лицето кое раководи со подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во општината, во согласност со закон;
12. Го разгледува и усвојува годишниот извештај за јавната безбедност на подрачјето на општината, јој го доставува до министерот за внатрешни работи и народниот правобранител;
13. Може да дава препораки на раководното лице на подрачната единица на министерството за внатрешни работи од областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот и
14. Врши и други работи утврдени со закон.

Доколку советот не ги усвои извештаите од стравот (1) точките (7) и (9) на овој член, може да покрене постапка за вршење на контрола над материјалното и финансиското работење пред належниот орган за надзор.
Раководното лице од ставот (1) точка (12) од овој член е избрано ако за него него гласале мнозинство од сите совети на општините, кои ги опфаќа подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

Конституирање на советот

(1) Првата седница на новоизбраниот совет ја свикува претседателот на советот од претходниот состав најдоцна во рок од 20 дена од денот на завршувањето на изборите.
(2)Ако советот не се свика во рок од ставот (1) на овој член, членовите на советот сами се состануваат и под претседавање на најстариот член на советот го конституираат советот во рок од 10 дена по истекот на рокот од стравот (1) на овој член.
(3) Ако седницата не се одржи во рок од ставот (2) на овој член ќе се распишат нови избори за членовите на советот, на начин утврден со закон.

Заклетва

Новоизбраните членови на конститутивната седница на советот даваат и потпишуваат свечена изјава, која гласи:
Јас (име и презиме) свечено изјавувам дека правата и должностите на член во советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе ги почитувам Уставот, законот, пропосите на советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Македонија.

Свикување седници на советот
1. Седниците на советот се свикуваат по потреба, но најмалку еднаш на три месеци.
2. Седниците ги свкува претседателот на советот на своја иницијатива, на барање на градоначалникот или на барање од најмалку 1/4 од членовите на советот најдоца во рок од 15 дена од денот на неговото поднесување.
3. Доколку во рокот определен во ставот (2) на овој член, претседателот на советот не ја свика седницата на советот, членовите на советот сами се состануваат и избираат претседател за таа седница.
4. Денот, часот и местото на одржувањето на седниците на советот, како и предогот на дневниот ред по кој ѓе се работи, задолжително се објавуваат најдоца седум дена пред денот на одржувањето на седницата, на начин утврден со статутот.

Свикување вонредна седница на советот

1. Вонредна седница на советот свикува претседателот на советот, по сопствена иницијатива или на барање на најмалку 1/3 од членовите на советот, во случаи и на начин утврдени со статут.
2. Во известувањето за свикување на вонредната седница се наведува времето, местото на одржување и дневниот ред на седницата.
3. Советот не може да го менува дневниот ред за вонредната седница.
4. Пред започнувањето на седницата задолжително се гласа за оправданоста на причините на свикување на вонредната седница.

Работа на седниците на советот

1. Советот може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на советот.
2. Советот одлучува со мнозинство гласови од присутните членови, ако со закон и со статутот поинаку не е определено.
3. Прописите кои се однесуваат на културата, употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во општината, утврдувањето и употребата на грбот и знамето на општината, се усвојуваат со мнозинство гласови од присутните членови на советот, при што мора да има мнозиндство гласови од присутните членови на советот кои припаѓаат на зедниците кои не се мнозинско население во општината.
4. На седницата на советот по правило, се гласа јавно.
5. За секоја седница на советот се води записник.
Јавност во работата на советот

1. Советот работи на седници.
2. Седниците на советот се јавни.
3. За исклучување на присуството на јавноста на седницата се одлучува ако за тоа постојат оправдани причини утврдени со статутот, со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот.
4. На расправата за буџетот на општината, годишната сметка на буџетот и за урбанистичките планови, присуството на јавноста не може да се исклучи.

Права и должности на членовите на советот

1. Членовите на советот имаат право и должност да присуствуваат и да учествуваат во работата на советот и на неговите постојни или повремени комисии.
2. Членовите имаат право на седницата на советот да даваат иницијативи и предлози и да поставуваат прашања на градоначалникот.
3. Членот на советот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање на советот.
4. Работодавецот е должен да го ослободи од професионалната работа членот на советот заради присуство на седниците на советот или на комисиите во кои е член.
5. Членовите на советот имаат и други права и должности утврдени со статутот и други пропоси, во согласност со овој закон.

Конфликт на интереси на членовите на советот

1. Членот на советот не може да учествува во процесот на одлучувањето за прашања во кои тој или неговиот брачен друга, дете или роднина до втор степен странична линија ими финансиски или друг личен интерес.
2. Членот на советот е должен да го информира советот за прашањата за кои тој има финансиски или друг личен интерес.
3. Членот на советот не може да биде вработен во општинската администрација на општината во кој е избран.
4. Со денот на вработувањето согласно со став (3) на овој член ќе се смета дека членот на советот поднел оставка.
5. Членот на советот вработен во јавните служби кои ги основала општината, не може да учествува во процесот на одлучувањето за прашања ѓто се однесуваат на јавната служба во која е вработен.

Надоместоци на членовите на советот

Членовите на советот имаат право на надоместок за присуство на седници и надоместок на платните и дневните трошоци, во рамките утврдени со закон.

Престанок на мандатот

1. На членот на советот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран:
– ако поднесе оставка;
– во случај на смрт;
– ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење од над шест месеци;
– ако настапи случај на неспојливост со функцијата член на советот согласно со
2. Законот за локалните избори;
– ако со правосилно реѓение биде лиѓен од деловна способност и
– ако престане да биде жител на општината.
3. Советот, на првата наредна седница, ќе ја констатира причината и денот на престанување на мандатот на членот на советот, и тоа:
– во случаите од ставот (1) алинеја 1, од денот на одржувањето на седницата и
– во случаите од ставот (1) алинеи 2, 2,4,5 и 6 со денот на исполнувањето на условот.
4. На членот на советот може да му биде одземен мандатот ако неоправдано отсуствува од три седници на советот по ред.
5. За оправданоста на отсуството од ставот (3) на овој член одлучува советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот.

Избор на престседател на советот

1. Претседателот на советот се избира од редот на членовите на советот, со мандат од четири години.
2. За претседател на советот е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот.
3. Доколку во првиот круг никој од кандидатите за претседател не добил потребен број гласови, се пристапува кон втор круг на гласање за двајцата кандидати коишто во првиот круг добиле најголем број гласови.
4. За претседател е избран членот на советот којѓто во вториот круг на гласање добил повеѓе гласови.
5. До изборот на претседател, советот го свикува и со него раководи најстариот член на советот.

Обврски на претседателот на советот

Претседателот на советот:
1. Ги свикува и раководи со седниците на советот;
2. Се грижи за организацијата и работата на советот и
3. Ги потпишува прописите што ги донел советот и во рок од три дена од денот на нивното донесување ги доставува на градоначалникот заради објавување.

Accessibility