24.01.2018 година – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во работна посета на Општина Јегуновце.
Тој најпрво ја посети полициската станица во Јегуновце за да промовира опрема која е поставена со цел нормално одвивање на тековните работи на тамошните полицајци за потоа да оствари средба и со првиот човек на општина Јегуновце градоначалникот Дарко Блажески.
На средбата беше дискутирано на повеќе теми, разменети беа повеќе меѓусебни мислења за успешна соработка и унапредување на состојбите во Општина Јегуновце.
Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце