На државниот изборен турнир за кадети, јуниори U21, а воедно и на playoff натпреварот за учество на престојното Европско првенство во Прага, Република Чешка што се одржа на 04 и 05.12.2021 година во Гостивар, Катја Апостолоска член на карате клуб „ТИГАР 2003“ од с. Беловиште го освои првото место и обезбеди место во Македонската карате репрезентација која во периодот од 04 до 06.02.2022 година во категорија кадети -47кг во кумите (борба) ќе ги брани државните бои.

На овој изборен турнир учество зедоа и Сања Гавриловска јуниори -59кг, Ксенија Савеска кадети +54кг и Дајана Љубевска кадети –54кг, кој достоинствено го представија клубот, но не успеаа да се изборат за пласман.

Карате клуб „ТИГАР 2003“ од с.Беловиште, 18 години испешно ја претставува нашата општина од каде излегуваат врвни спортисти учесници на Државни, Балкански, Европски и Светски првенства.

Општина Јегуновце и градоначалникот Димитар Костадиоски им честитаат на сите учесници за учеството на овој државен изборен турнир, а на Катја Апостоловска и посакува успешен настап на Европски првенство.Општина Јегуновце ќе продолжи со целосна подршка и соработка со клубот за уште поголеми успеси во иднина.

Accessibility