На државното првенство во карате за деца на возраст од 10 до 13 години кое се одржа на ден 06.11.2021 во спортската сала “Партизан” во Кавадарци на кое учествуваа околу 250 натпреварувачи од 45 клубови од Македонија учествуваше и Карате клуб “Тигар 2003” од Беловиште со седум натпреварувачи во различни категории при што се здоби со четири златни, два сребрени и еден бронзен медал. Со овој чин во официјалниот извештај на Карате федерацијата на Македонија, Карате клуб “Тигар 2003” се искачи на третата позиција.

Ана Марија Мишовска – 1 место

Петар Ѓорѓевски -1 место

Славчо Мисајловски – 1 место

Сара Тодоровиќ-1 место

Ева Серафимовска -2 место

Мелани Апостоловска -2 место

Михаела Митовска -3 место

Општина Јегуновце и градоначалникот Костадиноски  упратуваат честитки до добитниците на медалите и карате клубот “Тигар 2003” и даваат целоска подршка на истиот.

Accessibility