Во координација со општинските служби и полицијата, денес од населеното место Копанце започнуваме со контролни активности на системот на улично осветлување и исклучување на нелегалните приклучоци на јавното осветлување. Поради насоките и укажувањата од ЕВН за драстична потрошувачка на електична енергија од уличното осветлување и зголемениот број на диви приклучоци на јавното осветлување, во координирана акција со надлежните служби по претходно донесен план, континуирано ќе вршиме контрола на системите на јавно осветлување се со цел да ги намалиме трошоците за електрична енергија и исклучување на нелегалните приклучоци. Апелирам до граѓаните за поголема јавна свест, да не се злоупотребуваат системите за јавно осветлување бидејќи индиректно со тоа нанесуваат штета на општинскиот буџет и на средствата од даночните обврзници на општина Јегуновце. Граѓаните на општина Јегуновце и институциите имаме обврска домаќински да се однесуваме со јавните добра и услуги. Акцијата ќе продолжи во сите населени места во општина Јегуновце за остранување на нелегалните приклучоци на уличното осветлување.

Accessibility