Почитувани, ве известуваме дека во организација на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на ден 22.11.2019 година со почеток во 14 часот во просториите на општина Јегуновце – (сала за состаноци) се организира инфо ден за ИПАРД програмата 2014 – 2020.

Овој инфо ден е наменет за МЕРКА 3 и 7 за лица кои би сакале да конкурираат за субвенции односно земјоделците во рамки на овој информативен ден  ќе имаат можност да се запознаат со начинот за користење на средствата од оваа програма.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце