Во соработка со националната мрежа „Рурална Коалиција“ минатата недела ја реализиравме првата од предвидените редовни средби со земјоделци од општина Јегуновце. Дискутиравме за проблемите со кои се соочуваат земјоделците, предизвици и визија за земјоделието во општина Јегуновце. Во вториот дел од средбата извршната директорка на „Рурална Колиција“ – Лилјана Јоноски ги информираше земјоделците за активните мерки за поддршка на земјоделието од страна на Агенцијата за финансиска поддршка, Министерството за земјоделие, ЕУ фондови (субвенции, неповратни грантови за земјоделци, млад земјоделец, жени земјоделки, рурален развој). Општина Јегуновце заедно со „Рурална Коалиција“ ќе има за обврска редовно да ги информира земјоделците за активните мерки и повици што се од интерес на развој на земјоделието и преку континуирани средби со земјоделците ќе лобира и иницира до надлежните институции поголема поддршка за развој на земјоделието и руралниот развој. Во наредниот период ќе реализираме проекти за афирмација на земјоделието како и организирање, окрупнување на земјоделците и сигурен пласман на земјоделските производи. И покрај тешките услови за егзистенција на земјоделците, маката и трудот на секој земјоделец ќе треба повеќе да се вреднува, а јас како градоначалник ќе се потрудам да помогнам на секој земјоделец во рамки на моите можности.

Accessibility