Со мнозинство гласови од советниците при Советот на општина Јегуновце на третата седница изгласан е буџетот на општина Јегуновце за 2022 година. Предвидениот буџет е одговор на реалните потреби и проекти што ќе бидат реализирани во наредната година. Изгласаниот општински буџет е граѓански, донесен во консултација преку директни средби и контакти со жителите на општина Јегуновце, а повеќето од искажаните потреби кои се остварливи и во надлежност на локалната самоуправа се дел од буџетските ставки за 2022 година. Буџетот за 2022 година е развоен, со предвидени проекти и инвестиции во сите населени места во општина Јегуновце. Гласот на жителите на општина Јегуновце секогаш ќе биде слушнат, а нивните проблеми и потреби ќе бидат решени.

Accessibility