Извршено замена на постоечкиот систем на улично осветлување покрај регионалниот пат Р-2234 место Јегуновце- Подбреѓе. Досега дотраениот систем на улично осветлување кој претставуваше потешкотии за жителите кој живеат во овој дел на населеното место Јегуновце беше заменет со нови енерго ефикасни светилки и целосно оспособен.
Градоначалникот Дарко Блажески вети дека за кратко очекува целосно да бидат завршени и градежните работи со новиот тротоар кој интензивно се гради на оваа локација со што комплетно ќе се модернизира изгледот на општина Јегуновце како и подобрување на условите на самите пешаци и жители од овој дел на општината.
Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце