Општина Јегуновце 13.07.2019 година – Екипа ангажирана од локалната самоуправа започна со чистење на локалните патишта ураснати од трева и надвиснати гранки.

Денес се работи на локалниот пат од населено место Подбреѓе до населено место Раотинце каде се очекува да бидат целосно искосени тревниците, уредени зелените површини и поткастрени дрвјата од двете страни на коловозот.

Со овој зафат значително би се подобриле условите за одвивање на собраќајот на овие простори а жителите ќе можат без потешкотии да ги завршуваат своите обврски и безбедно да патуваат до потребната дестинација.

Градоначалникот Блажески најави дека  во следниот период планира ваков вид акци, ќе бидат опфатени сите локални патишта на териотрија на општина Јегуновце да би се подобриле условите во собраќајот како и да се разубави самата општина.

Средствата за оваа реализација се обезбедени од буџетот на општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце