Сите три основни училишта на територија на општина Јегуновце ги отворија вратите за учениците во новата учебна 2020/2021 година.
Пред и во училиштата се спроведуваат сите задолжителни мерки и протоколи за заштита од Ковид-19, за безбеден тек на учебната година која е сосема поинаква од досегашните.
Согласно одлуката на Владата, настава со физичко присуство има само од 1-3 одделение во сите три основните училишта. Со дозвола на Комисијата за заразни болести дозволено е и на повисоките класови во некои ПОУ кој исполнуваат услови.
Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце