Недела 21.07.2019 година во присуство на голем број посетители од земјава, наши иселеници од странство и сите љубители  на фудбалот турнирот „Сиричино 2019“ беше и официјално прогласен за отворен.

Турнирот се организира прва година, бројот на екипи изнесува 24, натпреварите се играат во две фази: првата фаза по групи и втората елиминациона фаза.

На отварањето следеше музичка и спортска програма на кој настап имаат локални естрадни уметници за потоа турнирот да го отворат со ревијален натпревар екипите на ФК Љуботен  и ФК Њујорк – жени.

Наградниот фонд за најдобрите четири екипи изнесува:

  1. 50.000 денари
  2. 25.000 денари
  3. 10.000 денари
  4. 5.000 денари

Следат и награди за:
* Најдобар играч
* Најдобар голман
* Најдобар стрелец
* Дрим тим

Голем придонес за турнирот несебично дава и локалната самоуправа на Општина Јегуновце. Општина Јегуновце постојано вложува средства за развој на спортот, издвојува средства како на регистрираните спортски клубови, така и за организирање на турнири по населените места.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце
Accessibility