Сабота 22.06.2019 година во присуство на голем број гости и љубители на фудбалот турнирот „Ратае 2019“ беше и официјално прогласен за отворен.
Турнирот се организира трета година по ред, бројот на екипи изнесува 29, натпреварите се играат во две фази: првата фаза по групи и втората елиминациона фаза.
Наградниот фонд за најдобрите четири екипи изнесува:
- 30.000 денари
- 15.000 денари
- 7.000 денари
- 2.000 денари
Голем придонез за турнирот несебично дава и локалната самоуправа на Општина Јегуновце. Општина Јегуновце постојано вложува средства за развој на спортот, издвојува средства како на регистрираните спортски клубови, така и за организирање на турнири по населените места.
Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце