Во чест на Бобан Симовски Бобе и неговиот пријател и другар Александар Димчевски Трска во населено место Јанчиште организиран е девета година по ред меморијален турнир во мал фудбал.
Турнирот започна вчера 26 Мај, бројот на екипи изнесува 26, натпреварите се играат во две фази: првата фаза по групи и втората елиминациона фаза.
На отварањето следеше почесна програма во чест на основачот на турниорот Бобан Симовски Бобе и неговиот пријател Александар Димчевски Трска на кој настап имаше културно – уметничкото друштво „Извор“ од Јегуновце за потоа турнирот да го отворат со ревијален натпревар екипите на ФК Љуботен и ФК Тетекс.
Голем придонез за турнирот несебично дава и локалната самоуправа на Општина Јегуновце.
Општина Јегуновце постојано вложува средства за развој на спортот, издвојува средства како на регистрираните спортски клубови, така и за организирање на турнири по населените места.