Општина Јегуновце 12.09.2019 година – Започна изградба на улица во должина од 370 метри и ширина 3,5 метри која што ќе ги спои училиштето со регионалниот пат во населено место Јажинце.

Денес официјално започнаа градежните активности на оваа инвестиција која е во вредност од 4 милиони денари обезбедени од министерството за локална самоуправа во соработка со бирото за регионален развој, ценар за развој на Полошко плански регион и општина Јегуновце.

Градоначалникот на општина Јегуновце Дарко Блажески, Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и директорот за регионален развој Рамиз Реџепи присуствуваа на овој настан.

Збор имаше градоначалникот Дарко Блажески кој се заблагодари на подршката која ја добива од министерството за локална самоуправа, бирото за регионален развој и центарот за развој на Полошко плански регион и изјави дека ова е уште еден започнат проект од предизборната програма, станува збор за проект кои решава значајни проблеми кој имаат големо влијание на квалитетот на живеење на жителите од населено место Јажинце.

-Блажески најави и нови инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура во текот на оваа сезона  каде ќе се работи на уште неколку локации и во останатите населени места низ Општина Јегуновце.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце