На 40-та седница на Владата на Република Северна Македонија, донесена е одлука за ограничувањата на движењето на граѓаните за периодот којшто претстои, вклучително и за велигденските празници.

За време на викендот, вклучително и понеделник, од петок 17-ти април во 16:00 часот, до вторник 21-ви април во 05:00 часот, се забранува движењето за сите граѓани на територијата на целата држава.

Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце