27.10.2021 година – Димитар Костадиноски официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Јегуновце.
По преземањето на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Дарко Блажески новоизбраниот Димитар Костадиноски се заблагодари на укажаната доверба и изрази уверување дека ќе биде градоначалник на сите жители на Општина Јегуновце, како и тоа дека ќе работи одговорно,чесно и транспарентно.
Блажески му го честиташе новиот четиригодишен градоначалнички мандат и посака успеси во работењето и реализирање на сите проекти што ќе бидат во интерес на граѓаните.
Изготвил:Стојанче Антовски
Оптина Јегуновце