По седум месеци пауза денес во општина Јегуновце градинката Јаболчиња ги отвори вратите и треба да згрижи 30 деца.
Работата на градинките ќе се одвива според посебни протоколи за децата и за вработените.
Родителите при носење на децата во градинка задолжително да имаат заштитна маска. Тие треба да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата, како и просторната дистанца при предавање и земање на детето.
Секој вработен мора да носи задолжително лична заштитна опрема кога е на работно место. Предвидено е често миење на рацете и посебно внимание да се посвети на потребата од засилени хигиенски мерки во случај на миење, хранење и слично.
Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце