Општина Јегуновце 18.04.2019 год – Согласно програмата за чистење на дивите депонии, со ангажирана механизација пристапи кон пролетно чистење на дивите депонии . Денес се работи на расчистување на дивата депонија во населено место Вратница.

Градоначалникот Блажески излезе на лице место во населеното место Вратница, прво направи увид во работните активности потоа оствари средби со месното население со што упати и апел за совесно и правилно одлагање на својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии и да се сфати пораката дека заштитата на животната околина зависи од сите нас.

Средствата за оваа реализација се обезбедени од буџетот на општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце