Во духот на новогодишните празници ја посетив ЈОУДГ „Јаболчиња“ во Јегуновце и ги израдувавме најмилите со скромни новогодишни подароци.

Децата изненадени и среќни од новогoдишните пакетчиња, не почестија со топол прием и топли искрени детски насмевки. Радоста и насмевките на нашите најмали секогаш знае да не оттргне од секојдневните проблеми и случувања, затоа ние како одговорни лица имаме обврска да се грижиме за подобро утре на децата бидејќи тие се иднината на општина Јегуновце. Како градоначалник на општина Јегуновце во соработка со раководството на градинката ќе иницирам идни активности за подобрување на условите за престој на децата во установата. Среќна нова 2022 година дечиња, останете среќни и имајте безгрижно детство.

Accessibility