Општина Јегуновце 19.06.2019 година – Градоначалникот Дарко Блажески оствари средба со претставници на месната заедница во с.Горно Орашје.

Целта на оваа посета  е да се слушнат и жителите од населено место Горно Орашје за проблемите со кој се соочуваат и да се дојде до нивно решение.

На средбата од страна на претставниците на месната заедница беа презентирани приоритетни предлог проекти, со што заедно ги анализираа  како и изнаоѓаат решение за истите.

Градоначалникот Блажески на претставниците од месната заедница им порача, како локалната самоуправа во рамки на своите можности ќе се заложи успешно да бидат реализирани сите приоритетни проекти планирани за населено место Горно Орашје.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце
Accessibility