Општина Јегуновце 10.06.2019 година – Во тек се градежни активности во населено место Копанце, се работи на промена на стариот и дотраен цевковод од водоводната мрежа која ги снабдува со вода за пиење жителите на ова населено место.

Се работи на  линија кој е во должина од 800 метри каде се врши замена на старите и дотраени цевки со нови 16 барни Ф-100 и Ф-160 цевки.

Градоначалникот Дарко Блажески вети дека дека редовно ќе бидат сервисирани сите општински водоводни мрежи во населените места во Општина Јегуновце бидејќи жителите треба да  добијат квалитетна вода за пиење.

Средства за оваа реализација се од Буџет на Општина Јегуновце.

Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце