Се известуваат граѓаните од населените места кој се снабдуваат со вода за пиење од регионалниот водоснабдителен систем дека пумпната станица во с.Јегуновце е во прекин поради дефект-скината жица на високо напонската мрежа од далеководот од кој се напојува пумпната станица со струја.

Далеководот е во сопственост на приватна фирма чија дејност е сепарирање на песок и производство на бехатон плочки. Високонапонската жица од далеководот е скината во Јегуновце во дворот на приватен сопственик и истиот не дозволува да се изврши санирање на истата од причина што се води судски спор.

Општина Јегуновце и други засегнати страни заедо со дежурна екипа на ЕВН Македонија излегоа на терен во текот на денешниот ден каде констатирано е дека ЕВН Македонија неможе да преземе мерки за санирање на состојбата поради тоа што далеководот е во сопственост на приватна фирма.

Со оглед дека водоснабдувањето е добро од јавен интетес за жителите од Општина Јегуновце, се надеваме дека приватната фирма сопственик на далеководот и сопственикот на дворната површина на чија парцела е скината високонапонската жица ќе најдат компромис за излез од ваквата состојба, како би се санирал дефектот и стави високонапонската мрежа во функција.

Се молат граѓаните од населените места кој се снабдуваат со вода за пиење од регионалниот водоснабдителен систем да имаат разбирање и трпение до повторно вклучување на пумпната станица и ставање на истата во функција.

Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце