Општина Јегуновце упатува апел да се почитуваат препораките и законските одредби од страна на Владата на Република Северна Македонија, како и препораките од страна на самата Општина Јегуновце.

Апелираме до сите жители на Општина Јегуновце да го намалат движењето во институциите, со исклучок на итни и неодложни работи. Жителите на Општина Јегуновце да го сведат на минимум движењето надвор од своите домови, со исклучок за итни и неодложни работи.

Особено оваа препорака се однесува за посетување на угостителски објекти, паркови и останати отворени и затворени простории со капацитет за собирање на поголема група на луѓе.

Информациите повразни со новонастанатата ситуација со КОВИД-19 (Корона вирус), да се црпат исклучиво од Министерството за здравство, поради тоа што информациите од неофицијални извори доведуваат до паника кај населението.Лицата кои биле надвор од територијата на Република Северна Македонија и лицата кои се сомневаат дека имаат симптоми на корона вирус, им се препорачува да го контактираат Центарот за јавно здравје.

Општина Јегуновце ги почитува сите дадени препораки да не доаѓаат на работа лицата со хронични заболувања како и бремените жени.