Денес заедно со општинските надлежни екипи сме на терен во Прељубиште и Жилче и ја продолжуваме акцијата за исклучување на дивите приклучоци од системите на јавното осветлување. Драстичното покачување на месечните сметки за улично осветлување во населените места и направените анализи за нерационално користење не поттикна да извршиме детални контроли на системите за улично осветлување и да утврдиме бројни нерегуларности, а со теренските проверки се потврдија сомнежите за постоење на диви приклучоци на уличното осветлување. Апелирам до сите оние кои се обидуваат на нелегален начин да се поврзат и да трошат струја од уличното осветлување навремено да ги отстранат приклучоците бидејќи општина Јегуновце и надлежните институции континуирано ќе вршат проверки, а субјектите кои го прекршуваат законот ќе се соочат со соодветни постапки и казни. Акција ќе продолжи и во другите населени места од општина Јегуновце.

Accessibility