Денес се работи на расчистување на локалниот патен правец Туденце – Прељубиште екипа ангажирана од локалната самоуправа продолжи со чистење на локалните патишта ураснати од трева и надвиснати гранки.

Во текот на денот се очекува да биде целосно искосена и уредена зелената површина и поткастрени дрвјата од двете страни на коловозот на овој локален пат.

Со овој зафат значително би се подобриле условите за одвивање на собраќајот на овие простори а жителите ќе можат без потешкотии да ги завршат своите обврски и безбедно да патуваат до потребната дестинација.

Градоначалникот Блажески најави дека  во следниот период планира ваков вид акци, ќе бидат опфатени сите локални патишта на териотрија на општина Јегуновце да би се подобриле условите во собраќајот како и да се разубави самата општина.

Средствата за оваа реализација се обезбедени од буџетот на општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце