Општина Јегуновце 19.04.2019 год – Согласно програмата за чистење на дивите депонии, со ангажирана механизација пристапи кон пролетно чистење на дивите депонии . Денес се работи на расчистување на диваите депонии во населените места Јажинце,Рогачево и Беловиште.

Градоначалникот Блажески оваа заложба за почиста и поздрава животна средина  ја поместуваа меѓу најважните приоритети и ќе се залага за чистење на сите диви депонии на територија на Општина Јегуновце со што упатува апел до сите жители за совесно и правилно одлагање на својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии.

Средствата за оваа реализација се обезбедени од буџетот на општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце