Одржана четврта седница на Советот на Општина Јегуновце

Денес 29.12.2017 година со почеток во 15:30 часот  се ордржа четврта седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневниот ред содржеше 1 точа.

  1. Предлог – Одлука за донесување на општ акт со кој се утврдуваат услови за начинот на градење во с.Туденце, Општина Јегуновце за кое нема урбанистички план.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Градоначалникот Блажески во посета на дечињата со посебни потреби од ОУ Симче Настовски с.Вратница

Градоначалникот Дарко Блажески, во пресрет на Новогодишните празници ги посети децата со посебни потреби од ОУ Симче Настовски од Вратница.

Градоначалникот на децата им порача да бидат здрави, живи, среќни и весели како и тоа дека му е драго што има можност во овие предновогодишни денови да им подели пакетче, и да им посака среќна и успешна 2018 година.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Симона Симовска избрана за млада спортиска за 2017 година

Симона Симовска која доаѓа од карате клубот ТИГАР 2003 од Беловиште, Општина Јегуновце е избрана за млада спортистка за 2017 година во Репулика Македонија.

Изборот „Спортисти на годината 2017“ го организира Агенцијата за млади и спорт на Репулика Македонија, додека оваа награда е од историско значење како за Симона и карате клубот ТИГАР така и за сите жители на Општина Јегуновце и пошироко.

Општина Јегуновце е горда на успесите на Симона Симовска и карате клубот ТИГАР предводен од трењерите Живорад и Сребра Мишовски и дава целосна подршка на истиот.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Наградeни најдобрите литературни ученички творби од Фондацијата „Никола Кљусев“

Наградени најдобрите литературни творби од Фондацијата „Никола Кљусев“  од проектот „Творам за Македонија“ на тема „Домот во срцето мое“.

Во проектот учествуваат сите основни и средни училишта од Македонија, наградени се 10 ученици, пет од основните училишта и пет од средните, меѓу кој и ученичката Марија Наумоска која доаѓа од  СОУГ „Кирил Пејчиновиќ“, Тетово а е жител на населено место Јегуновце, општина Јегуновце.

Наградените од основните училишта добиваат стипендии за четиригодишно школување во приватното средно училиште САБА, а наградените од средните училишта добиваат ваучери за посетување на курсеви во организација на САБА.

Фондацијата „Никола Кљусев“  петта година по ред го реализира проектот “Творам за Македонија” со цел да го поттикне творештвото, убавото изразување, креативноста и натпреварувачкиот дух на учениците од основните и средните училишта во Македонија.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Одржана трета седница на Советот на Општина Јегуновце

Денес 27.12.2017 година со почеток во 10 часот  се ордржа третата седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневниот ред содржеше 7 точки, и беше дополнет со плус една:

  1. Предлог – Буџет на Општина Јегуновце за 2018 година.
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Буџетот на Општина Јегуновце за 2018 година.
  3. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Јегуновце за 2018 година.
  4. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2018 година.
  5. Предлог – Одлука за одобрување на финасиски средства од Буџетот на Општина Јегуновце.
  6. Предлог – Одлука за трансферирање на средства – субвенции од Буџетот на Општина Јегуновце на Друштвото за услуги ЧИСТОТА ЈЕГУНОВЦЕ ДООЕЛ с.Јегуновце, Јегуновце за 2018 година.
  7. Предлог – Одлука за усвојување на Планот за архивски знаци за распоредување на актите за 2018 година на Општина Јегуновце.
  8.  Разгледување на барање од ООУ Шемшово с.Шемшово.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Номинирани најуспешните спортисти за 2017 година

Симона Симовска која доаѓа од карате клубот ТИГАР 2003 од Беловиште, Општина Јегуновце е номинирана за млада спортсика за 2017 година.

Општина Јегуновце е горда на успесите на Симона Симовска и карате клубот ТИГАР предводен од трењерите Живорад и Сребра Мишовски.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

21 година Општина Јегуновце

18 Декември 2017 година, Општина Јегуновце одбележува 21 година од нејзиното формирање.

По повод денот на Општина Јегуновце Градоначалникот Дарко Блажески, упатува честитки до сите жители на оваа општина.

На денешен ден пред 21 година се конституирал првиот повеќепартиски совет на Општина Јегуновце со што се исполни желбата на жителите од овој крај, да имаат своја општина која ќе биде поблиска до граѓаните.

За овие 21 година во Општина Јегуновце се изградени водоводи, резервари, канализации, локални патишта и улици, спортски игралишта, мрежа за улично осветлување, реконструирани се училишта и домови на културата, како и многу други проекти со што значително се подобрени условите на живеење на граѓаните на Општина Јегуновце.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Одржана прва работилница на тема „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“

Успешно одржана првата работилница  на тема: „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“.

Овој настан е организиран од страна на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во соработка со партнерите Центар за одржлив развој – Алка Скопје и Институт за развој на заедницата Тетово подржан од општина Јегуновце.

Целта на проектот е да се креираат транспарентни и отчетни процедури за финансирање на граѓанските организации од буџетите на локалната самоуправа и стимулирање на примена на добри практики помеѓу општините.

Како резултат од планираните три работилници, треба да произлезе методологија за распределба на средства за здружение на граѓани од страна на општината.

Ова е од особена важност за транспарентно доделување на средства што ќе овозможи компетитивност на идеите на здруженија кои се важни за целата заедница.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце