Исчистени од снег локалните патишта во Општина Јегуновце

Зимската служба ангажирана од страна на Општина Јегуновце од вчера започна со чистење на снегот од локалните патишта кој се во надлежност на Општина Јегуновце со едниствена цел корисниците да можат без потешкотии да ги завршуваат своите обврски и безбедно да патуваат до потребната дестинација.

Поради постојаните врнежи од снег во наредните денови, надлежните служби ќе бидат на терен а доколку на одредени локални патишта има потреба од дополнителна интервенција жителите  можат да пријават на следниов телефонски број:044/397-766

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

 

 

 

Одржан општински натпревар по Математика

На 24.2.2018 г. (сабота) се одржа Општински натпревар по математика во ООУ „Александар Здравковски“ Јегуновце.

Учество зедоја вкупно 36 ученици на воздраст од IV до IX одделение од ОУ и ПОУ во Општина Јегуновце.

Освоени се 5 втори места, 10 трети места, додека со пофалница се здобија 6 ученици. Критериумите на отценување се спрема бодовниот систем доставен од страна на сојузот на математичари  подржан од Министерството за образование и наука.

Наградените ученици ќе учествуваат на регионалниот натпревар кој ќе се одржи во Тетово првата сабота во Април.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

 

Потпишан меморандум со здружението Женски форум – Тетово

Градоначалникот на општина Јегуновце г-дин Дарко Блажески потпиша Меморандум за соработка со извршниот  директор на  здружението Женски Форум од Тетово.

Со потпишување на овој меморандум целта е да се потикне  дебата од страна на цивилното општество, со цел информирање на граѓаните, конкретно жените за нивните права на наследство.

-Граѓанските здруженија во соработка со институционалните механизми за остварување на родова рамноправност да иницираат кампањи за подигање на свеста и за информирање на правата на жените за наследство.

-Централната и локалната власт да спроведуваат воспитни програми во кој посебно ќе бидат вклучени жените од руралните средини за и тие да можат да го остварат нивниот економски потенцијал и во соработка со банките на РМ да им овозможат на жените земање поволни кредити за нивни почетни бизниси.

-Во многу општества жените се зајакнале со помош на финансиските механизми кои го принудуваат патријахалниот систем да се промени. Во овој контекст, со помали даноци, кога е сопственик жената, ќе биде добар пристап за привлекување на семејството да го пренесе имотот кај жените и девојките.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Одржана работилница за родова еднаквост

Во просториите на Општина Јегуновце (сала за состаноци) одржана е работилница од страна на “ЖЕНСКИ ФОРУМ на тема родова еднаквост преку имот и наследство.

Како препораки од работлиницата може да се издвојат неколку:

*Да се потикне јавна дебата од страна на цивилното општество, со цел информирање на граѓаните, конкретно жените за нивните права на наследство.

*Граѓанските здруженија во соработка со институционалните механизми за остварување на родова рамноправност да иницираат кампањи за подигање на свеста и за информирање на правата на жените за наследство.

*Централната и локалната власт да спроведуваат воспитни програми во кој посебно ќе бидат вклучени жените од руралните средини за и тие да можат да го остварат нивниот економски потенцијал и во соработка со банките на РМ да им овозможат на жените земање поволни кредити за нивни почетни бизниси.

*Во многу општества жените се зајакнале со помош на финансиските механизми кои го принудуваат патријахалниот систем да се промени. Во овој контекст, со помали даноци, кога е сопственик жената, ќе биде добар пристап за привлекување на семејството да го пренесе имотот кај жените и девојките.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

 

Претставници на Унгарскатата Амбасада и претставници на ОБСЕ/ОДИХР во работна посета на Општина Јегуновце

Денес 08.02.2018 година во просториите на Општина Јегуновце се одржа работна средба помеѓу градоначалникот Дарко Блажески, претставници од економското аташе на Унгарската Амбасада и претставници на ОБСЕ/ОДИХР.

На оваа средба градоначалникот Блажески им објасни на претставниците од економското аташе на Унгарската Амбасада и претставниците на ОБСЕ/ОДИХР за состојбата на локалната самоуправа,  потреби со кој се соочуваат жителите од оваа општина, додека дискутирано беше и на повеќе теми за конкретни предмети, разменети беа повеќе меѓусебни мислења кој се од општо добро за жителите на оваа општина.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Одржана трета работилница на тема „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“

Се одржа  третата и последна работилница на тема: „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“

Овој настан е организиран од страна на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во соработка со партнерите Центар за одржлив развој – Алка Скопје и Институт за развој на заедницата Тетово подржан од општина Јегуновце.

Целта на овој проект беше креирање транспарентни и отчетни процедури за финансирање на граѓанските организации од буџетите на локалната самоуправа и стимулирање на примена на добри практики помеѓу општините.

Ова е од особена важност за транспарентно доделување на средства што ќе овозможи компетитивност на идеите на здруженија кои се важни за целата заедница.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Променети осум врати во ПОУ Симче Настовски од Јажинце

Општина Јегуновце 05.02.2018 година – Променети се осум врати на тоалетите во ПОУ Симче Настовски од Јажинце.

Поради дотраеност на старите и руинирани врати во тоалетите на ПОУ Симче Настовски во населено место Јажинце а воедно и подобрување на условите за учениците од ова училиште заменети  се старите со нови ПВЦ врати на тоалетите.

Средствата за оваа реализација се обезбедени од Буџет на Општина Јегуновце, општината во рамките на своите можности ќе продолжи да вложува за подобри услови во образованието.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Одржана втора работилница на тема „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“

Општина Јегуновце 30.01.2018 година се одржа втората работилница на тема: „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“.

Овој настан е организиран од страна на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во соработка со партнерите Центар за одржлив развој – Алка Скопје и Институт за развој на заедницата Тетово подржан од општина Јегуновце.

Целта на проектот е да се креираат транспарентни и отчетни процедури за финансирање на граѓанските организации од буџетите на локалната самоуправа и стимулирање на примена на добри практики помеѓу општините.

Како резултат од планираните три работилници, треба да произлезе методологија за распределба на средства за здружение на граѓани од страна на општината.

Ова е од особена важност за транспарентно доделување на средства што ќе овозможи компетитивност на идеите на здруженија кои се важни за целата заедница.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Одржана петта седница на Советот на Општина Јегуновце

Денес 24.01.2018 година со почеток во 10 часот се ордржа петта седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, додека дневниот ред содржеше 7 точки.

1.Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Јегуновце за 2018 год.

2.Предлог-Критериуми за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот во општина Јегуновце за 2018 год.

3.Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови за населените места на подрачјето во општина Јегуновце и урбанистички планови вон населените места за 2018 год.

4.Предлог-Програма за изработка на локална урбанистичка планска документација на општина Јегуновце за 2018 год.

5.Прелог-Програма за изработка на Општи Акти за населените места во општина Јегуновце за 2018 год.

6.Предлог-Одлука за надомест на изборните трошоци на организаторите на изборната кампања на Локалните избори 2017 год, за избор на градоначалник и советници на Советот на Општина Јегуновце.

7.Разгледување на барања.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце