Честитка по повод Денот на независноста – 8 Септември

По повод 8-ми Септември Денот нанезависноста на Република Македонија, Градоначалникот  Тони Коцески испратичеститки до сите граѓаните на Општина Јегуновцево честитката се вели:

Ми претставува посебна чест и задоволство во мое лично име и во името наЛокалната самоуправа на Општина Јегуновце да ви го честитам 8-ми септемвриДенот кога пред точно 25 години граѓаните на Македонија го остварија стремежот иго трасираа патот на независна, демократска, самостојна, суверена и слободна Република Македонија.

Да ни е вечна и вековита Македонија !

mkd

Изготвил: Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Пуштен во употреба реконструираниот далновод Скопје – Тетово

Државната компанија МЕПСО  во  општина Јегуновце гопушти во употреба реконструираниот далновод СкопјеТетово, со краци кон трафостаниците во Теарце и Јегуновце. Со проектот ќе се обезбеди непречено и стабилно снабдување со електрична енергија на полошкиот регион, кој во изминативе години се соочуваше со проблеми во текот на зимските месеци поради дотраениот далновод. Со проектот се опфатени 187столбови, од кои новоизградени се 158. Изведени се и нови спроводници наелектрична енергија, изолатори, овесна и спојна опрема. Должината надалноводот изнесува 48 километри.

(more…)

Во тек е заградување и обележување на повеќенаменските игралишта во населените места Сиричино, Прељубиште и Јажинце

Во тек на реализација е уште еден од низата успешни проекти на Градоначалникот Тони Коцески со тоа што повеќенаменските игралишта во населените места Сиричино, Прељубиште и Јажинце ќе бидат заградени и обележани а со тоа ќе бидат овозможени подобри и побезбедни услови за спортување на младите од овие населени места. Градежните активности се одвиваат според зацртаната динамика, и овие повеќенаменски игралишта се очекува успешно да бидат завршени. Изведувач на овој проект е фирмата Орион Метал со седиште во населено место Непроштено.

(more…)

Заменик-министерот Ванчо Костадиновски ја посети општина Јегуновце

Заменик – министерот за земојделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиноски ја посети Општина Јегуновце каде со градоначалникот Тони Коцески извршија увид во спроведувањето на проектите што се подржани од Агенцијата за унапредување на земјоделието и руралниот развој  во оваа општина.

(more…)

ДОГОВОР за реализација на проектот “Замена на прозорци и врати во подрачните училишта во с.Сиричино и с.Копанце”

Врз основа на член 42 од Законот за рамномерен регионален развој (“Службенвесник на Република Македонија” бр.63/2007,187/2013 и 43/2014 и 215/2016) иОдлука на Владата на Република Македонија бр.42-4039/1 од 17.05.2016 година за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на селата во 2016 година, се склучува:

(more…)

Секретаријат за прекуграничен регион Шара организираше инфо ден во општина Јегуновце

Секретаријат за прекуграничен регион Шараорганизираше инфо ден во Оптина Јегуновце.

На иформативна сесија беше претставена гранд шемата на која можат даучествуваат со свои проикти: здруженија на граѓани, невладини организации,бизнис сектор, производители на органска храна и производители на традиционалнипроизводи од подрачјето на општина Јегуновце и општина Теарце.

(more…)