Во тек е акција за чистење на регионалните патишта во општина Јегуновце

По барање на градоначалникот Дарко Блажески,  во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта започната е акција за чистење на регионалните патишта на територија на Општина Јегуновце.

Со оваа акција се очекува да бидат целосно искосени тревниците, уредени зелените површини и поткастрени дрвјата од двете страни на коловозот на целата територија на Општина Јегуновце со што значително ќе се подобрат условите за одвивање на собраќајот на овие простори.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

 

Изграден парк во населено место Раотинце

На задоволство на месното население, во функција е ставен новоизграден парк во населено место Раотинце.

Направени се пешачки патеки поплочени со бехатонки, нанесена е комплетно нова земјена подлога, поставено е осветлување, клупи за одмор како и канти за отпад.

Со овој проек жителите на населено место Раотинце на располагање ќе добијат пријатно катче за одмор и релаксирање.

За ваков изглед на паркот обезбедени се финасиски средства од  буџетот на општина Јегуновце додека изведувач е фирмата ЕУРО ИНВЕСТ ИН од Тетово.

Градоначалникот Блажески најави дека тука не застанува, како локална самоуправа ќе се залагаме во наредниот период да направиме повеќе вакви паркови во повеќе населени места.

 

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Одржана единаесета седница на Советот на Општина Јегуновце

Денес 31.07.2018 година со почеток во 09 часот се ордржа единаесета седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, новиот дневен ред содржеше 3 точки, присутни беа 14 од вкупно 15 советници.

Дневен ред

  1. Разгледување на финансиски извештај за извршување на Буџетот на Општина Јегуновце за II квартал за 2018 година и заклучок за усвојување на финасискиот извештај.
  2. Предлог – Одлука за подршка на сопствено учество – кофинансирање на проектот „Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните подрачја  на Полог.
  3. Разгледување барања.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Дополнителна информација – проект за наводнување на земјоделско земјиште Јанчиште

Општина Јегуновце 23.07.2018 година – Добиена е дополнителна информација од изведувачот ЕУРО ИНВЕСТ ИНГ – Тетово во врска со проектот за наводнување на заемјоделско земјиште во населено место Јанчиште, прецизираме дека за овој проект е направено ископ на канал во должина од 100 метри поставено цевки Ф-400 – 25 метри и поставен тампон 30 кубици .

Бенифитот е олеснување на жителите од населено место Јанчиште за наводнување на нивните земјоделски насади а средствата за успешна реализација се обезбедени од буџет на Општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски

Опптна Јегуновце

Поставено цевки за наводнување на земјоделско земјиште во населено место Јанчиште

По барање на месната заедница на населено место Јанчиште а одобрено од советот и градоначалникот на општина Јегуновце, инсталирани се цевки за наводнување на земјоделско земјиште во населено место Јанчиште.

Овој цевковод е во должина од околу 300 метри, додека бенифитот на овој проект е олеснување на жителите од населено место Јанчиште за наводнување на нивните земјоделски насади.

За оваа реализација обезбедени се финасиски средства од буџет на Општина Јегуновце,  изведувачи се фирмата ЕУРО ИНВЕСТ ИНГ – Тетово.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Во тек е акција за чистење на локалните патишта во општина Јегуновце

Општина Јегуновце 2018 година – во тек е акција за чистење на локалните патишта ураснати од трева и надвиснати дрвја од двете страни на коловозот.

Со оваа акција се очекува да бидат целосно искосени тревниците, уредени зелените површини и поткастрени дрвјата од двете страни на коловозот на целата територија на Општина Јегуновце со што значително ќе се подобрат условите за одвивање на собраќајот на овие простори.

Средствата за овој проект се обезбедени од програмата за јавни работи преку Агенцијата за вработување на Репулика Македонија во соработка со Општина Јегуновце.

Градоначалникот Блажески најави дека и во следниот период планира ваков вид акци со цел подобрување на условите во собраќајот како и разубавување на самата општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Завршна фаза со изградба на „Крак“ на основниот проект за фекална канализација во с.Јажинце

Во завршна фаза се градежните активности со изградбата на ” КРАК ” на основниот проект за  фекална канализација за населено место Јажинце. Овој ” КРАК ” е во должина од околу 300 метри, финасиските средства се обезбедени од буџет на Општина Јегуновце додека изведувачи се фирмата ЕУРО ИНВЕСТ ИНГ – Тетово.

Суштина на овој проект е олеснување на населението во нивното секојдневие, односно ова претставува проект што ќе спречи разни загадувања на подземните води и воздухот во овие населени места а со тоа би се намалила можноста на разни болести.

Градоначалникот Блажески најави дека ќе продолжи со вакви проекти, како и со нови инвестиции и подобар рурален развој на Општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Одржана десета седница на Советот на Општина Јегуновце

Денес 29.06.2018 година со почеток во 10 часот се ордржа десета седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневниот ред содржеше 3 точки, присутни беа сите 15 советници.

Дневен ред

1.Предлог-Одлука за престанување на важење на Одлука од Совет бр.07-1883/8 од 30.11.2010 год.

2.Предлог-Одлука за воспоставување на меџуопштинска соработка со општините Брвеница, Врапчиште, Тетово, Желино, Маврово и Ростуше, Теарце, Боговиње и Гостивар.

3.Разгледување на барања.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце