Соопштение

Општина Јегуновце ги известува а воедно и задолжува сопствениците на нивите кој се наоѓаат покрај регионалниот пат Шемшово-Прељубиште и Прељубиште-Јанчиште во период од 09.05.2018 до 14.5.2018 година да ги отстранат стеблата и дрва кој се  на работ на коловозот од лева и десна страна.

Доколку оваа одлука не биде реализирана општината ќе преземе содветни мерки до соопствениците.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Известување

Се известуваат жителите од населено место Јегуновце како и околните населени места од општина Јегуновце дека деновите од 05.05.2018 па се до 11.05.2018 ќе се изврши асвалтирање на патниот правец Р-2234 Јегуновце-Пршовце.

Од таа причина овие денови согласно одобрениот временски период овој патен правец ќе биде затворен за сообраќај во временски период од 13 па се до 17 часот.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Известување

Се известуваат жителите од населено место Јегуновце како и околните населени места од општина Јегуновце дека деновите 24 и 25.04.2018 година ќе се отпочне со асфалтирање на патниот правец Р-2234 Јегуновце-Пршовце.

Од таа причина овие денови согласно одобрениот временски период овој патен правец ќе биде затворен за сообраќај.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Известување

Општина Јегуновце 2018 година – Се известуваат жителите од населено место Сиричино на ден 22.04.2018 година во временски период од 08.00 – 16.00 часот, да не вршат испаша на стока, берба на дрва, движење и сл, како да не би дошло до несакани последици бидејќи СВР Тетово  ќе изведе пробни испукувања за физички и правни лица согласно законот за оружје во военото стрелиште „Еребино“.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце